Медиумската куќа „Си-Ен-Ен“ објави мапа на патеката на летот над Европа.
Руските воени дејствија во Украина и авијациските ограничувања создаваат огромни ограничени области на небото, со големи последици за превозниците на долги релации кои обично го минуваат небото на Источна Европа на пат кон Азија.
Сето ова може да има значителни последици за патниците, авиокомпаниите и трошоците за летови доколку Европа и Русија ја оживеат ерата на Студената војна, кога небесните правци беа пренасочени околу железната завеса што се протегаше до небото.
Досега, Обединетото Кралство и Русија меѓусебно забрануваа да летаат или слетуваат на нивна територија. Следеа други забрани, при што Полска и Чешка го ограничија пристапот до руските авиони во петокот.
Освен што направи значителна дупка на картата на авиосообраќај во Источна Европа, нарушувањето на сообраќајот на долги релации засега е минимално.
Дури и руските авиони кои го користат меѓународниот воздушен простор над Атлантикот не се погодени, и покрај тоа што областа ја управуваат службите за воздушен сообраќај со седиште во Велика Британија.
Russia’s invasion of Ukraine and aviation bans are creating huge no-go areas in the sky, with major implications for long-haul carriers that normally criss-cross the skies of Eastern Europe en route to Asia https://t.co/paSSbBTL0G
— CNN (@CNN) February 26, 2022