Loading...
Ако се плашите од височини, оваа приказна не е за вас. Денеска ви претставуваме посебна атракција во Кина, наречена Виа Ферата.
Наменета е за најхрабрите туристи, желни за адреналинска возбуда, а поставена е над бездна длабока 1.500 метри.
Популарната „небесна скала“ се наоѓа на планината Чисинг, во провинцијата Хунан.
Заинтересираните се качуваат на скала сместена меѓу две карпи, а се обезбедени со шлемови и појаси.
На интернет можете да најдете видеа од луѓе кои биле доволно храбри да се најдат на „небесната скала“.
Loading...
Исто така, постојат одредени ограничувања. Имено, атракцијата е забранета за луѓе со висок крвен притисок и срцеви заболувања.