Небензја: САД повеќе не се борат против Ал Каеда и Исламската држава

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ефикасно ја прекинаа борбата против терористичките групи Исламска држава и Ал Каеда во Сирија, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја за време на состанокот на Советот за безбедност за ситуацијата во Сирија.

Loading...

„Регионалните интервенции на Западот, извршени под изговор на наводната борба против тероризмот, продолжуваат да играат исклучително дестабилизирачка улога“, рече Небензја, истакнувајќи дека тоа е слоганот што го користат САД и нивните сојузници за да го оправдаат своето присуство во Сирија од 2014 година, пренесува ТАСС.

Во меѓувреме, додаде тој, дека Западните фактички ја напуштиле борбата со Исламската држава и Ал Каеда и долго време прибегнале кон употреба на милитанти, кои, како што наведе, самите ги финансирале исклучиво во свој интерес, меѓу други работи, да ги саботира сириските владини сили.