НЕ ВОЗДРЖУВАЈТЕ СЕ ОД ПЛАЧЕЊЕ: Солзите ги лекуваат овие 5 здравствени проблеми

Сподели со своите пријатели

Ако често пуштате солза и делувате слаби и премногу емотивни кон другите, само сетете се дека плачењето е најдобриот лек за овие 5 здравствени проблеми.

Истражувањата покажаа дека плачењето релаксира, го намалува крвниот притисок, ги исфрла токсините, влијае на промените во расположението и помага во намалување на физичката болка.

Bright Side пренесува дека жените во Америка плачат околу 3,5 пати месечно, а мажите 1,9 пати месечно

Иако честопати општеството на плачењето гледа како на слабост, истражувањето покажало дека кога некој чувствува потреба да плаче, треба да се пуштат солзите и тоа поради овие пет причини.  

 

 

 

1. Плачењето смирува

Една студија од 2014 година вели дека плачењето може да помогне за време на стресниот период.

Плачењето не предизвикува моментално опуштање, но доаѓа по неколку минути, затоа што плачењето го активира парасимпатичкиот нервен систем, кој има смирувачки ефект врз мозокот.

2. Го намалува крвниот притисок

Високиот крвен притисок е лидер во предизвикување сериозни здравствени проблеми како што се мозочен или срцев удар.

Неколку студии покажаа дека плачењето не само што го намалува крвниот притисок и го држи под контрола, туку го нормализира пулсот.

3. Ослободување од токсини

Солзите кои течат можат да ја исчистат прашината од очите, а солзите за време на плачењето ги испуштаат токсините, кои поради стресот се насобрале во организмот.

Отстранувањето на токсините помага во намалување на нивото на кортизол во организмот, што резултира во подобро расположение. Затоа не е ни чудо што после плачењето се чувствуваме подобро.

4. Промена на расположението

Промените во расположението можат да се појават од најразлични причини, од кои едната е насобирање на манган во организмот, чиј вишок се исфрла токму со плачењето, по што лицето се чувствува смирено и фокусирано.  

 

 

 

5. Ја намалува физичката болка

Поради некоја повреда, плачењето помага во намалувањето на физичката болка.

Истражувањата покажаа дека преку солзите се ослободуваат окситоцин и ендорфин, хемикалии кои ги прават луѓето да се чувствуваат добро и можат да ја ублажат и физичката и емоционалната болка.

Leave a Reply