Не се знае каде е новинарката која упадна во руската емисија со антивоениот плакат

Сподели со своите пријатели

Непозната е локацијата на новинарката Марина Овсјаникова, која синоќа со антивоен транспарент истрча на сетот на руската вечерна информативна програма на државниот Канал 1.

Руската полиција ја уапсила набргу по инцидентот.

 

Зошто никој не испраќа борбени авиони во Украина?

 

Нејзиниот адвокат наводно се обидел да ја најде во сите полициски станици во близина на зградата на телевизијата, но не успеал.

„Постапките на уредникот се хулиганство“

Државните медиуми во Русија не го проследија нејзиниот протест на државната телевизија.

Само еден независен весник ставил нејзина слика на насловната страница, но морале да ги заматат зборовите на транспарентот што го држела во рака, бидејќи објавувањето на тој знак би било кривично дело.

 

Зеленски: Путин ќе ги таргетира другите европски земји, сите сте цел

 

Една државна новинска агенција штотуку објави дека против неа е покрената кривична истрага.

Некои шпекулираат дека таа денеска би можела да се појави пред судот во Москва, пишува Би-Би-Си.

Постапките на уредникот кој синоќа ја прекина информативната емисија на руската државна телевизија во знак на протест против инвазијата на Украина се хулиганство, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

 

Кличко објави 35-часовен полициски час во Киев

 

„Стоп за војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“

Да потсетиме, Овсијаникова синоќа ја прекина емисијата на руската државна телевизија и застана зад водителката со транспарент на кој пишува: „Стоп за војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“.

За време на емитувањето се слушаше нејзиниот глас како вели: „Стоп за војната!

Пред да протестира на телевизија, таа сними видео во кое настаните во Украина ги нарече криминал и рече дека се срами да работи за, како што ја нарече, пропаганда на Кремљ.

 

Зошто никој не испраќа борбени авиони во Украина?

 

„Се срамам што си дозволив да кажувам лаги на телевизискиот екран. Се срамам што дозволив Русите да се претворат во зомби“, објасни таа.

Таа го повика рускиот народ да протестира против војната, велејќи дека само тие можат „да го запрат ова лудило“.