Не работи апсолутно ништо а заработува огромни пари: Сите му се смееле, а сега му љубоморат

Сподели со своите пријатели

Јапонецот Шоџи Моримото, за разлика од повеќето свои сограѓани, никогаш во животот немал високи цели, но и покрај тоа успеал да создаде кариера не правејќи апсолутно ништо.

Loading...

Цел живот семејството и колегите му велеа дека е мрзелив, дека не се живее така, дека нема да постигне ништо во животот, но не му било грижа. До 2018 година имал идеја како тоа може да го претвори во професија, пренесува CBS.

– Не разговарам со луѓе. Јас одговарам ако ме прашаат нешто и тоа е тоа. Мојата работа е само да бидам некаде. Ги понудив моите услуги преку Интернет. Напишав да не чистам, не сум тука за муабет, само тука сум. И луѓето почнаа да се јавуваат.

 

 

Неговите услуги ги користат луѓе кои се плашат да одат сами во продавница, луѓе кои се срамат да се појават некаде без придружба, луѓе кои само сакаат да седнат со некого на пијачка

– Многу сум зафатен, имам три работи во еден ден. Една девојка ми плаќа еднаш неделно да седам на кафе. Ние не зборуваме. Ние само седиме и тоа е доволно за неа.

Loading...

Има напишано неколку книги, а неговите услуги чинат околу 100 долари по состанок.

– Не е до мене да се обидувам. И има ли нешто подобро од тоа да не правиш нешто? – заклучува Јапонецот.