Не работат VISA и Mastercard картичките на македонските банки

Сподели со своите пријатели

Македонската банкарска асоцијација, во име на своите членки информира дека дел од услугите на македонски бенаки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

Loading...

Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали, велат од МБА.

– Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На Деве Баир запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење (ВИДЕО)

Никола Ивановски