Не работат системите за контрола на радијацијата околу Чернобил

Сподели со своите пријатели

Украинската агенција за нуклеарна регулација денеска соопшти дека престанале да работат системите за контрола на радиоактивноста околу нуклеарната централа Чернобил.

Loading...

Истата агенција наведува дека, со доаѓањето на потопло време, во тој регион нема повеќе пожарникари кои би ги заштитиле шумите кои со децении се погодени од радиоактивност, пренесува агенцијата АП, потсетувајќи дека руските сили го освоиле Чернобил на 24 февруари.

 

„Газпром“ тврди дека редовно испорачува гас за Европа преку Украина

 

Во соопштението на украинската регулаторна агенција се вели дека комбинацијата на ризици може да доведе до „значително влошување“ на способноста да се контролира ширењето на радијацијата, не само во Украина, туку и надвор од земјата во наредните недели и месеци.

Раководството на централата во Чернобил вчера соопшти дека се ротирани и сменети 50 вработени, кои без престан работеле од преземањето на Русија.