НЕ ПРОПУШАЈТЕ: Најавено најдолгото делумно помрачување на Месечината во овој век!

Сподели со своите пријатели

Следната недела светот ќе може да ужива во најдолгото делумно затемнување на Месечината во овој век.

Loading...

Тој величествен феномен, ноќта меѓу 18 и 19 ноември ќе може да се гледа во повеќето делови на светот, вклучително и во Европа.

НАСА предвидува дека речиси целосното затемнување ќе трае 3 часа, 28 минути и 23 секунди.

Делумното затемнување на Месечината, кога сенката на Земјата покрива 97 отсто од полната Месечина, ќе биде убедливо најдолго во овој век. Претходното целосно затемнување беше во 2018 година и траеше 1 час и 43 минути.

 

 

Според опсерваторијата на Универзитетот Батлер во Индијана, тоа ќе биде најдолгото делумно затемнување на Месечината во последните 580 години.

Loading...

Затемнување на Месечината се случува кога Земјата ќе помине меѓу Месечината и Сонцето, така што сенката на нашата планета ја „покрива“ Месечината.

Сенката може да ја блокира целата, или во случај на делумно затемнување, поголемиот дел од сончевата светлина, па Месечината добива темна, црвеникава боја.

Црвена боја поради Земјата

Оваа боја се појавува затоа што сончевата светлина, и покрај тоа што е директно блокирана од Земјината сенка или нејзиниот најтемен дел, се криви околу нашата планета и патува низ атмосферата на Земјата за да стигне до Месечината.

Атмосферата на Земјата филтрира пократки, сини светлосни бранови и пренесува црвена и портокалова боја, според „Live Science“.

Обоените бранови потоа минуваат низ атмосферата на Земјата и продолжуваат да патуваат до Месечината, обвивајќи ја со црвена светлина.

 

Loading...

 

Затемнувањето ќе биде видливо од Северна Америка и Тихиот Океан, Алјаска, Западна Европа, Источна Австралија, Нов Зеланд и Јапонија.

Иако почетните фази на затемнувањето се случуваат пред изгревањето на Месечината во Источна Азија, Австралија и Нов Зеланд, набљудувачите во тие делови на светот ќе можат да го видат затемнувањето кога ќе го достигне својот максимум.

Од друга страна, ниту една фаза од затемнувањето нема да биде видлива од Африка, Блискиот Исток и Западна Азија. Во други области, облаците би можеле да го оневозможат набљудувањето.

Затемнувањето на Месечината обично се случува двапати годишно, а следното целосно затемнување ќе биде помеѓу 15 и 16 мај 2022 година, а потоа уште едно меѓу 7 и 8 ноември.