Не престануваат судирите на окупираните палестински територии

Сподели со своите пријатели

Палестинците од Појасот Газа утринава истрелаа ракети кон Израел по повлекувањето на израелските сили од градот Џенин и прекинот на една од најголемите воени операции на окупираниот Западен Брег, во која загинаа вкупно 13 лица.

Loading...

Израелските воени авиони возвратија и погодија подземен објект за производство на оружје, соопшти израелската војска, но не е јасно дали ќе има дополнителна ескалација, пренесува Ројтерс.

Неколку часа претходно, двајца репортери на Ројтерс видоа израелски воени конвои како го напуштаат Џенин откако ќе се стемни, што изгледаше како крај на израелската операција која започна во понеделникот.

Билансот на конфликтот во последните денови е 12 загинати Палестинци, од кои најмалку пет борци и еден израелски војник.

Операцијата, за која израелската војска соопшти дека имала за цел уништување на екстремистичката инфраструктура и оружје во бегалскиот камп Џенин, започна во понеделникот со напад со дрон, со распоредени над 1.000 израелски војници.

Густо населениот бегалски камп, во кој живеат околу 14.000 луѓе на помалку од половина квадратен километар, беше една од сцените на конфликтот што го зафати Западниот Брег пред повеќе од една година и предизвика меѓународна загриженост.

Неколку часа откако израелските сили почнаа да се повлекуваат, палестинските борци во Појасот Газа истрелаа пет ракети кон Израел, соопшти израелската војска, додавајќи дека ракетите биле пресретнати и немало жртви.

Во вторникот дојде до ескалација поради напад со автомобил и нож во израелски деловен центар во Тел Авив во кој беа повредени осум лица, а одговорноста ја презедоа палестинските борци Хамас.

Loading...

Лекари без граници соопштија дека израелските сили употребиле солзавец во болницата во која работеле тимовите на Лекари без граници.

„Во овој момент ја завршуваме мисијата и можам да кажам дека нашата голема активност во Џенин не е еднократна операција“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на обиколката на контролен пункт во близина на тој град.

Палестинските борци од Хамас, Исламски Џихад и Фатах го зацврстија кампот со бариери и поставија набљудувачки пунктови, со цел поефикасно да се спротивстават на редовните воени напади на Израел.

Во самиот бегалски камп прекинато е снабдувањето со струја и вода, јавува Танјуг.