Не поопушта вирусот во Австралија: Две држави урнаа рекорди по бројките на новозаразени

Сподели со своите пријатели

Двете најнаселени земји во Австралија денеска забележаа рекордни бројки кога станува збор за нови случаи на ковид-19.

Државата Нов Јужен Велс, каде главен град е Сиднеј, регистрираше 681 случај во претходните 24 часа, а претходниот негативен рекорд беше забележан во средата (633 случаи), објави АП, пренесува Танјуг.

Соседната држава Викторија регистрираше 57 нови случаи во главниот град Мелбурн, што е најголем број дневни случаи од последните денови на вториот бран на инфекции регистрирани во септември 2020 година.

Мелбурн и целата држава Нов Јужен Велс се во локдаун, а властите се обидуваат да го спречат ширењето на делта сојот од корона вирусот.

Ова е шесто затворање на Мелбурн, кој помина 200 дена под карантин од почетокот на пандемијата.