Во Австрија, по неколку дена намален број на нови случаи на коронавирус, бројот на заразени повторно почна да расте и надмина 10.000.
Во последните 24 часа се регистрирани 10.367 новозаболени, а за споредба минатата среда имало 15.365.
Исто така, починаа 61 лице заразено со корона вирусот.
Во болничките одделенија бројот на заболени од коронавирус падна на 89, додека на одделенијата за интензивна нега бројот на заболени се зголеми за седум и сега изнесува 649.
Моментално има 3.376 пациенти со Ковид во болниците низ Австрија.
Австрија е во карантин недела и пол, а има мало намалување на бројот на новозаразени, што може да ги загрози плановите за укинување на карантинот до 12 декември за невакцинираните и прележаните.