Еден ден повеќе ќе има 2016 година. Во престапната година не се прават венчавки и свадби, ниту се гради куќа. Срени се само оние кои ќе бидат родени во престапна година.
Верувањата на народот е дека се што се прави во престапна година има краток рок на траење, иако годината има ден повеќе. Во минатото луѓето многу внимавале на овие непишани правила.
Се верува дека бракот склучен во престапна година може да трае кратко, а оние што планирале венчавка чекале да измине годината. Доколку се случелно да немаат време за чекање, за да не биде на лошо, на свадбата принесувале леб и погача, но месени со брашно од минатата година што во миантото било практика да се чуваат залихи од минатата година за секој случај.
Можноста да се родите на 29-ти февруари е 1:1.561, пресметано математички вие имате 0,068% среќа.
Во западниот свет, пак постои обичај на 29-ти февруари дамите да ги запросуваат своите партнери. Според една анкета, дури 25% од жените се изјасниле дека не им претставува проблем на колена да го побараат оној што го сакаат, а 50% од мажите не би правеле проблем кога тоа би се случило.
Според верувањата, престапната година не е добра за нови бизниси. Но, астролозите велат договорт да се потпише на 29-ти февруари, затоа што е идеален за работа. Имено посветеноста на Сонцет и Јупитер треба да се искористат за потпишување договори, затоа што тоа ќе бидат добри деловни понуди.
Избегнувањето на венчавката во престапна година не го подржува Црквата. Според црковните верувања секоја година е благословена, а веруавњето дека венчавка не с еправи во престапна година е само суеверие.
Но, дали знаете зошто постои престапната година?
Престапна е секоја четврта година, а на идејата да се синхронизираат календарската и сончевата година е идеја на старите Египќани од 238 година пред новата ера.
Подоцна идејата ја перзеле Римјаните, кога Јулиј Цезар одлучил 29-ти февруари да биде ден плус и тоа на секои четири години, но и оваа модернизација имала мал недостаток.
Календарската година повторно била 11 минути подолга од сончевата и тоа 11 минути. До 16 век, поради тоа се собирале 10 дена вишок. За календарот да се приспособи, во 1582 година, папата Грегориј 13-ти ги испуштил десетте дена и го модернизирал календарот повторно.
Според новиот календар, еден век има 36.524,25 дена, што е поблиску до природните временски мерења, но сепак остануваат мали арзлики во однос на сончевата година.
Според Грегоријанскиот календар, престапна е секоја година во која последните две цифри може да се поделат со 4 без остаток. И тука постои строг исклучок.
Имено, годините што се делливи со 100, а не со 400, не се престапни. Затоа во 1700, 1800, 1900 година немало 29-ти февруари, а нема да има ниту во 2100 година.
Спротивно на тоа, 2000-та година беше престапна.
Извор: струмицаденес.мк