Минијатурни, слатки, едноставно неодоливи. Покрај тоа, лесни се за чување, па затоа се идеални за љубителите на животни кои живеат во стан. Овие домашни миленици ќе ве освојат на прв поглед.
Хрчак
Ова милениче понекогаш се нарекува џебно милениче. Тие се многу забавни и живи. Можете да ги носите и да си играте со нив насекаде. Многу е лесно да се грижите за нив, познати се како најмали миленичиња за домови и се погодни и за возрасни и за мали деца.
View this post on Instagram
Зајак
Зајаците се совршени миленичиња за деца затоа што се слатки и сакаат да се играат како вистински деца. Можете да купите различни видови во зависност од тоа кој ви се допаѓа.
View this post on Instagram
Феретка
Тие се многу живи, внимателни и прекриени со крзно. Феретките се мали миленичиња кои се добри и за децата и за возрасните. Лесно е да се грижите за нив бидејќи не им требаат редовни третмани за чистење.
View this post on Instagram
Желка
Ако сте мрзливи, ова е идеално милениче за вас и лесно можете да го чувате на едно место. Нејзината способност да остане без нечистотија ја прави желката добро милениче за деца и возрасни.
View this post on Instagram
Чинчила
Ова е многу убаво милениче кое е многу чисто и убаво и има животен век до 10 години. Постојат големи разлики во карактерот на секоја чинчила. Постојат понежни и помирни, но и вистински мали шегобијци. Тие се исклучително интелигентни животни и се најактивни навечер.
View this post on Instagram