Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ќе остане во самоизолација до истекот на 14 дена од денот кога до добил решението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, изјави директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова.
Како што појасни таа, тоа е протокол за лекување на сите ковид-позитивни лица кои со решение се на домашно лекување и дека не може да се прекине постапката.
– Тоа значи дека лицето кое има позитивен резултат на Ковид и е на домашно лекување, останува таму до истекот на 14-от ден, кога ќе почне процес на тестирање за да се утврди дали е позитивен или негативен“,- додаде Бухова.
Никола Ивановски