Не користела крема за сончање додека била на плажа, а ова биле последиците (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ники Муртаг (36) од Лондон открива дека е верен љубител на лежалките кои ги користи два пати неделно. Обожава да се сонча, но никогаш не користела крема со заштитен фактор, а тогаш го забележала првиот симптом.

Loading...

Како што открила во видеото, забележала грутка на горниот дел од главата, а потоа како постепено и се менува кожата. Решила да оди на лекар, а потоа открила дека и е дијагностициран карцином на базалните клетки, форма на рак на кожата.

Ники сега сака да апелира на важноста да се користи крема за сончање со заштитен фактор, покажувајќи како навистина изгледа нејзината кожа.

„Значи, филтрите се вклучени, но ајде да погледнеме каква штета на мојата кожа направија од сонцето и познатите лежалки“, рече Ники отстранувајќи го филтерот од Инстаграм.

„Држете се подалеку од лежалки, преку сончање, користете SPF девојки“, предупреди таа.

Жената потоа ја наведна главата напред за да го покаже печатот на нејзината глава по отстранувањето на канцерогената грутка. Таа потоа ги спушти шорцевите за да открие лузна од кожен графт на ногата.

„Емоциите многу ги надминуваат сите лузни. Суетата се врати да ме касне. Толку е иронично што желбата да изгледате подобро прави да изгледате полошо и да се разболите“, рекла жената на Инстаграм.

Многу од девојките се запрепастиле од она што го виделе, па ја поддржале Ники и и се заблагодариле на предупредувањето.

Loading...

„Благодарам за споделувањето. Изгледа луѓето немаат поим колку може да биде штетно потемнувањето“, „Ова е лекција за сите девојки. Не се исончајте!“, „Дефинитивно ќе го намалам сончањето“, беа само некои од коментарите.