Кога било каде во светот ќе нарачате пиво, очекувате да го добиете во шише, лименка или во чаша. Меѓутоа, во едно гратче во Кина, пивото го купуваат на сосема поинаков начин – во пластично кесе.
Во градот Киндгао во Кина, мештаните имаат необичен начин да го купат омилениот пијалак. Тие пибо купуваат во пластични кеси.
Продавачот Ванг Жицаи, кој дневно продава и до 13 барели пиво, вели дека мештаните одамна тука го купуваат омилениот пијалак во пластични кеси.
– Тоа е практично и многу лесно, рекол тој.