Не го фрлајте сокот од киселите краставички – Еве како можете да го искористите

Сподели со своите пријатели

Ако сте ги изеле сите кисели краставички од теглата, ни случајно не го расипувајте преостанатиот сок. Тој може да послужи во многу нешта.

Loading...

Сокот од кисели краставички, односно течноста за киселење, не е само отпаден материјал. Доколку знаете како да го употребите, тоа може да биде зачин за многу јадења, но и повеќе од тоа.

Овој раствор дури се продава и на Амазон.

Но, еве како најдобро да го искористите.

Маринирајте пилешко во сок од кисели краставички

Што мислите зошто пилешкото во многу ресторани е помеко отколку вашето подготвено дома? Сето тоа е благодарение на фактот дека најчесто се маринира во сок од кисели краставички. Искористете го истиот трик и ќе добиете прекрасни шницли од пилешко филе, но и меки и вкусни батаци.

Ставете го сокот во коктел

Сигурно никогаш не ви паднало на памет овој сок да го користите со алкохол и дека тоа навистина може да биде вистински коктел, но време е да пробате еден. Измештајте чаша виски со чаша сок од кисели краставички и ќе се воодушевите. Овој сок може еднакво да се употреби како и водата од маслинки кога се прави мартини.

Loading...

Додадете го во пименто сирење

Пименто сирењето обично се прави од ситно сирење, мајонез и чери пиперки, но кога ќе додадете сок од кисели краставички овој сос може да биде повкусен.

Користете го наместо оцет

Сокот од кисели краставички оди буквално со било која салата, а може да се користи и за чорби во мали количини. Ако сакате да ја „убиете“ маснотијата во некое јадење, тогаш овој сок е вистинска работа.

Додадете го во мајонез за да направите цацики сос

Нема потреба да додавате ситно исечкани кисели краставички во мајонез за да добиете вкусен сос, доволен е само нивниот сок. Вака подготвената цацики салата ќе ја јадат вашите деца во сендвичите.

Leave a Reply