НЕ Е МОНТАЖА: Во Украина навистина постои розово езеро, а ова е причината за неговата боја (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во изминатиот месец, Украина е земја за која најмногу се зборува, покрај Русија.

Страшните сцени на војна и страдање го заматија погледот на природните убавини на таа голема земја, а едно од најинтересните места во Украина е езерото Лемурија.

 

 

Лемурија е дел од заливот Сиваш, и е позната како Розово езеро или украинско Мртво Море.

Ова прекрасно езеро се наоѓа помеѓу украинското копно и полуостровот Крим и е дел од поголемиот систем на плитки лагуни на Азовското Море.

 

 

Она што го прави еден од најпосебните во овој дел од светот е неговата боја. Езерото ја добило својата розова и црвеникава боја од алгата Dunaliella, која има висока отпорност на соленоста.

 

 

Истата алга му дава боја на Пинк Езерото во Австралија.

Потеклото на езерото е спорно. Според една теорија, на 26 август 1969 година, советски бомбардер се урнал на брегот на Сиваш. Спасувачите наводно ги пробиле солените водоносни слоеви додека копале на длабочина од 18 метри за да ги соберат остатоците од бомбашот. Езерото подоцна се формирало кога подземните води го наполниле ископот.

 

 

Жителите на околните села езерото го нарекувале „Јама“ и честопати оделе на капење за забава.

По некое време почнале да се шират приказни за лековитите својства на солената вода на езерото.

Ова овозможило почеток на развојот на зелениот туризам во овој регион, а набрзо калта од розовото езеро почна да се користи за козметички и терапевтски цели.

 

https://youtu.be/jC0Vb64QwjY

 

Езерото Лемурија не е единственото розово езеро во Украина. Има уште најмалку пет, а фотографиите навистина го одземаат здивот.