Не е исклучена средбата меѓу Путин и Зеленски

Сподели со своите пријатели

Не е исклучена средбата меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски, но таа треба да биде подготвена и финализирана со документ на кој работата е прекината, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„Нашиот став и ставот на претседателот на Русија за средбата со Зеленски е добро познат. Никој априори не исклучува таква средба, тој никогаш не ја отфрлил, но таа мора да се подготви, а тоа има смисла за Путин. Ова го изјави Песков на новинарите на прашањето за можноста за средба на двајцата лидери, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илон Маск или како имигрант од Јужна Африка го освои Вашингтон?

Тој додаде дека работата на мировниот документ со Украина е запрена одамна и рече дека луѓето во украинските региони Херсон, Запорожје и Донбас мора сами да одлучат за својата иднина, а Кремљ не се сомнева дека ќе ја направат најдоброта одлука.