Имот во Вермонт, САД со четири спални соби, четири бањи и затвор од 150.000 долари. Отприлика вака изгледаше реклама за имот, која набрзо стана хит на социјалните мрежи откако една корисничка на ТикТок сподели „морничава реклама“ која ја згрози.
Во огласот се наведува дека се работи за „историска куќа изградена во 1880 година со многу карактер“, а подетално читање на описот води само до делот што открива дека куќата има „необичен додаток“ во подрумот, пренесува Огледало.
Откако случајно беше спомнато дека покривот над затворот неодамна бил поправен, се додава дека главната куќа служела како резиденција на затворениците, а на северниот ѕид од куќата се наоѓа поранешниот затвор во округот Есекс кој бил укинат во 1969 година.
„Сè уште има затворски ќелии со решетки и затворска канцеларија. Дајте ваши идеи за тоа што би можело да биде ова крило“, се вели во огласот.
На фотографиите се гледаат редови од ќелии со дебели метални шипки во многу запуштена состојба, како и стари кревети, тоалети и друга опрема оставени да гнијат со години откако просторот бил напуштен.
„Отпрвин мислев дека е малку запоставено, но дека може пристојно да се уреди. Се додека не сфатив дека сатаната живее во подрумот. Морничаво! коментирала жената која го нашла огласот.
@angelikaisanerd #creepyhouses #creepyhouse #haunted #hauntedhouses #easter2021 ♬ original sound – Angelika Koch