НБА играч го засилува КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Американецот Џонатан Холмс е најновото и најголемо засилување на КК Куманово за претстојната сезона, дознава Кумановски Муабети.

Loading...

Станува збор за 28-годишен кошакар кој во тимот на Куманово ќе дојде од шпанскиот Реал Кану.

Во 2015 Холмс им се придружува на Бостон Селтикс за НБА летната лига 2015 година. Во осум натпревари за Селтикс, тој постигна просек од 10 поени и пет скока за 20 минути по натпревар. Набргу потоа потпишува и со Лос Анџелес Лејкерс, каде игра кратко време.

 

 

Во јули 2016 година, Холмс се приклучи на Мемфис Гризлис за НБА летната лига 2016 година, каде на пет натпревари, во просек постигнуваше 6,6 поени, 6,2 скока и 1,4 блокади за 23,2 минути по натпревар.

На 26 септември 2016 година, тој потпиша со Кливленд Кавалирс, каде игра шест натпревари за претсезоната.  Кратко има настапувано и за Барселона Ласа.  По истекот на договорот, тој се раздели со Барселона на 7 јануари 2017 година.  Во 10 натпревари, тој постигна просек од 7,7 поени и 3,7 скока за 18,1 минути по натпревар.

Loading...

На 6 август 2018 година, Холмс потпиша со израелскиот Хапоел Тел Авив за сезоната 2018-19.

 

 

Неговиот последен ангажман е во шпанскиот Реал Кану, од каде ќе дојде во Куманово. Се очекува клубот официјално да го претстави во следните неколку дена.

Никола Ивановски

Leave a Reply