Навреме се отворени сите избирачки места во општина Куманово каде денеска во втор круг ќе се избира градоначалник.
Претседателката на Општинската изборна комисија Куманово Кристина Цветковска информираше дека сите избирачки места се отворени и граѓаните веќе го остваруваат своето право на глас.
Во Куманово денеска право на глас имаат 94.041 граѓани на 167 избирачки места.
Во текот на вчерашниот ден право на глас на територијата на општина Куманово имаа 333 лица, од кои 212 болни и изнемоштени лица, 79 лица во затворот во К’шање, додека 42 во Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Никола Ивановски

