„Навики“ од кои не треба да се откажувате во врска или брак

Сподели со своите пријатели

Многу луѓе се подготвени да ги свртат своите животи наопаку за некој близок и да направат максимална жртва, но od некои работи никогаш не треба да се откажувате.

Loading...
  1. Независност

Компромисите се нормална работа во секоја врска и партнерите секогаш „жртвуваат“ нешто за да успее нивната љубовна врска, но од слободата да го направите она што го сакате никогаш не мора да се откажувате.

Врската не смее да ја презема контролата врз вас затоа што вистинската љубов е онаа во која двајца независни и самостојни луѓе си дозволуваат едни на други да бидат такви што се и да се сакаат едни со други – и покрај тоа.

Сите ваши страсти и желби се она што ве обликува како личност. Никогаш не треба да се откажувате од своите цели и соништа затоа што тие ја хранат вашата среќа.

  1. Цели

Сите ваши страсти и желби се она што ве обликува како личност. Никогаш не треба да се откажувате од своите цели и соништа затоа што тие ја хранат вашата среќа. Партнерите мора да се поддржуваат едни со други и да си бидат потпора на патот кон постигнување на поставените цели.

  1. Верувања

Понекогаш партнерите имаат различен систем на социјални, религиозни, политички и други верувања. Наспроти популарното верување, тоа не значи дека нивната врска е осудена на пропаст.

Важно е да ја практикувате слободата на мислење, да го почитувате правото на вашиот партнер да има поинаков став и исто така да очекувате тој да не ве суди за вашите ставови. Меѓутоа, ако верувањето е најголемата тема на вашите кавги, тогаш можеби е време да размислите каде води вашата врска.

  1. Приватност

Чувството дека можете да бидете со некој близок 24 часа на ден е прекрасно. Сепак, многу луѓе сè уште често сакаат да бидат сами за да ги наполнат батериите. Важно е да ја почитувате меѓусебната потреба за приватност и самотија.

Loading...
  1. Пријатели и семејство

Ако на вашиот партнер не му се допаѓаат вашите пријатели и членови на семејството, тоа во никој случај не значи дека треба да ги исфрлите од вашиот живот.

Треба да го направите ова само ако вашите проблеми се предизвикани од токсични луѓе и вашиот партнер се обидува да ви го истакне тоа.

Меѓутоа, ако тој едноставно не се дружи со вашите пријатели или семејство, тоа е негов проблем и не треба да влијае на вашата врска со најблиските. Не мора да ги сакаме сите, но мора да имаме доза на почит кон сите.

Leave a Reply