Лицата кои преку онлајн страници запознаваат луѓе за дружење и бараат евентуален партнер, подобро ќе поминат ако читаат книги.
Ова го покажало најновото истражување спроведено меѓу корисниците на еден таков портал eHarmony.
Ако сте меѓу оние кои читаат повеќе од просекот, поголема е веројатноста дека ќе имате повеќе среќаво пронаоѓање на партнерот, се наведува.
Мажите кои на својот профил имаат наведено дека сакаат да читаат, добиваат 19% повеќе пораки во своето сандаче во однос на останатите корисници, додека жените само 3% повеќе пораки.
Но, разлика прави и тоа каква литература се избира.
Така жените кои читаат или наведуваат дека им е една од омилените книги „Игра на гладта“ ќе бидат меѓу попопуларните корисници, додека мажите постигнуваат поголем успех ако наведат дека се љубители на делата на ричард Брансон.
„Девојката со тетоважа на змеј“ е популарна кај двата пола.
Истражувачите тврдат дека лицата кои многу сакаат д ачитаат оставаат впечаток дека се интелигентни, отворени и позаинтересирани од оние кои не читаат, а со самото тое и полесно воспоставуваат односи и се поврзуваат со луѓето.
Минатата година, креаторите на апликацијата за запознавање партнери My Bae, објавиле слични заклучоци, дека оние кои сакаат да читаат се поуспешни во пронаоѓање на партнерот.