Навидум неважни работи кои се забранети во Русија

Сподели со своите пријатели

Во повеќето водичи за патувања можете да најдете информации за тоа што е строго забрането да се направи кога одите на туристичка посета на Русија.

Loading...

Додека шегите за политичарите, расата, религијата и полот се добредојдени, шегите на сметка на семејството се сметаат за многу навредливи.

Русите не играат бејзбол, но годишно купуваат 500.000 бејзбол палки (ВИДЕО)

Еве неколку работи кои се строго забранети во Русија.

Image by Елизавета Кардасева from Pixabay

1. Ракување со ракавици

Ракувањето со ракавиците се смета за многу непристојно. Ако сакате да искажете почит кон некого, веднаш извадете ги ракавиците, колку и да е студено.

Loading...

2. Никогаш не одбивајте пијалок

Љубовта на Русите за алкохол не е само мит, туку реалност што нема да можете да ја избегнете. Насекаде каде и да одите ќе ви понудат пијалак, а доколку го одбиете, ќе се смета за навредливо и непристојно однесување.

РУСИТЕ ПОРАЧАА: Ако сакате стабилност на Балканот вратете ја Југославија

Ако прифатите пијалак, Русите ќе продолжат да ја полнат вашата чаша додека не го напуштите состанокот или барот.

Советот е да пиете алкохол полека во Русија затоа што веднаш штом ќе се спушти нивото, очекувајте наскоро повторно да ви се наполни чашата.

3. Шеги на сметка на семејството

Додека шегите за политичарите, полот, расата, религијата и сексуалната ориентација во Русија се целосно добредојдени, шегите на сметка на семејството се сметаат за навредливи.

Затоа, не спомнувајте ничија сестра или брат, ако не сакате да ги доживеете студените зими на Сибир.

Loading...

Кога на автобус во Русија му треба шлеп служба, доаѓа тенк (ВИДЕО)

4. Свиркање во затворен простор

Русите го поврзуваат свиркањето со финансиски тешкотии. Особено е лошо да свиркате во туѓа куќа затоа што, според Русите, вие му носите зло на домаќинството.

Image by serbuxarev from Pixabay

5. Жените не смеат да носат тешко

Кавалерството во Русија е закон. Маж секогаш носи тешки работи и честопати ќе ѝ понуди помош на улица на непозната жена.

6. Непочитување на постарите лица

Loading...

Ако се возите со јавен превоз и видите постара личност како стои додека седите, како знак на почит, мора да станете и да го ослободите своето место. Се разбира, ова правило се применува насекаде во светот.

Нов тренд во Русија: Апсење пред веридба (ВИДЕО)

7. Да ја поделите сметката

Во Русија е обичај кој поканува на вечера мора да ја плати сметката. Затоа, не треба да помислувате да ја делите сметка за вечера, ако ги повикавте пријателите да се видите.

8. Најдобро е да не ги спомнувате Крим, Украина и изборите

Русите се познати како големи патриоти, па било каков коментар би можеле да го сфатат премногу лично. Тие се особено се вознемирени од претенциозните „западњаци“, со акцент на Американците, кои се жалат на студот, храната, Путин и други работи.

Loading...

Image by Khusen Rustamov from Pixabay

Во Русија животниот век продолжен за осум години

9. Насмевка кон непознати лица

Русите ја задржуваат својата насмевка за пријателите и семејството. Смеењето по случаен избор може да се смета за навредливо, особено во јавниот превоз.

Leave a Reply