Навални тврди дека е под истрага за обвиненија за тероризам

Сподели со своите пријатели

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска изјави дека против него се води истрага за обвиненија за тероризам и може да биде осуден на нови 30 години затвор.

Loading...

„Тие упатија апсурдни обвинувања дека ми се заканува 30 години затвор… дека јас додека сум во затвор извршувам терористички дејствија“, коментарите на Навални на Твитер ги објавија неговите соработници, пренесе Ројтерс.

Овој месец, руските истражители официјално ги поврзаа поддржувачите на Навални со убиството на Владлен Татарски, популарен воен блогер и поддржувач на руската инвазија на Украина, кој беше убиен во бомбардирање во Санкт Петербург.

Поддржувачите на Навални негираа каква било поврзаност со убиството.

Руските истражители денеска објавија дека 11 лица се ставени на меѓународна потерница за случајот поврзан со Навални, пренесе ТАСС.

Навални веќе отслужува вкупна затворска казна од 11 и пол години под обвинение за наводна измама и непочитување на судот, потсетува британската агенција.

Врз основа на наодите на западните лаборатории, Навални беше отруен со нервен агенс во Сибир во август 2020 година, а беше уапсен следната година по враќањето од Германија каде што се лекуваше од труење.

Кремљ негираше дека се обидел да го отруе Навални.

Loading...