Научниците во Аргентина открија нов вид диносаурус

Сподели со своите пријатели

Научниците објавија во списанието „Current Biologists“ дека во северна Патагонија се откопани скелетни остатоци од претходно непознат вид, јавува BBC.

Loading...

Meraxes gigas, како што го нарекувале овој вид диносаурус, бил долг околу 11 метри, со череп долг околу 1,2 метри, но неговите раце биле долги едвај повеќе од половина метар.

– Убеден сум дека тие пропорционално мали раце имаа некаква функција. Скелетот покажува дека тие имале големи мускули и целосно развиен пекторален појас, па рацете биле силни. Можеби ги користеле за репродуктивни активности, како што е држење на женката за време на парењето или за поддршка при стоење – изјави Хуан Канале, водечкиот автор на студијата, пренесува Би-Би-Си.

Неговиот колега Питер Маковицки изјавил дека рацете на диносаурусот биле половина од должината на черепот и дека животното со нив не можело да стигне до устата и додал дека верува оти масивната глава на овој вид е главното оружје.

Гигас Меракс, именуван по измислен змеј од серијата книги „Игра на тронови“, им припаѓал на кархародонтосаурусите или гуштери со заби слични на ајкула, а се верува дека рептилите тешки четири тони живееле на Земјата пред околу 90-100 милиони години.