Научниците измислиле литиумски батерии отпорни на оган или експлозија, пренесува ВВС.
Уредите произведуваат доволно енергија за домашните апарати, но не се запалиле, дури и кога неколку пати биле прободени со игла.
Како електролит користат солен вода, па нема ризик од палење карактеристично за комерцијалните модели кои не се служат со вода.
„Кога претходно би сакале да сочувате толку многу енергија, би избрале неводена литиумска батерија, но сигурноста не е целосна. Ако ви е важна безбедноста, би можеле да користите хибридна водена никлова батерија, но би сочувале помалку енергија. Сега покажавме дека можеме да ги имаме и две, и енергијата и безбедноста“ – вели суатор Канг Ксу од Американската истражувачка лабараторија.
Ксу вели дека новата технологија дополнително треба да се усоврши пред да биде пуштена во масовно производство.
Меѓутоа, со доволно пари, батеријата од четири волти би можела да биде подготвена з аупотреба во рок од пет години, истакнал тој.
Loading...