Научниците со застрашувачко предупредување за тоа како ќе изгледа планетата во 2030 година

Сподели со своите пријатели

Доколку глобалното затоплување продолжи со моменталното темпо, климата на Земјата во 2030 година ќе наликува на онаа која владеела со нашата планета пред три милиони години, покажуваат најновите истражувања на Американската научна академија (PNAS), пренесува CNN.

Loading...

Во текот на тој период, познат како „Плиоцен“ температурите на воздухот на Земјата биле меѓу два и четири степени повисоки, а капацитетот на океаните поголем за околу 20 метри отколку што е денес, објаснил Кевин Д. Бурк, водител на студијата и истражувач на Институтот за истражување на околината Нелсон.

Најлошо сценарио во историјата

– Денес сведочиме на едно од најлошите сценарија во историјата, рекол бурке. Ова е период на многу брзи климатски промени. Мора да се пронајде било какво решение па промените веднаш да ги спречиме, додал тој.

Научниците тврдат дека Земјата веќе сега е еден степен целзуусов потопла од што била меѓу 1850 и 1900 година и дека за тоа се заслужни првенствено емисијата на штетни гасови од автомобилите и авионите, но и други човечки активности.

Како изгледала Земјата пред три милиони години?

Loading...

Ако емисиите на штетни гасови продолжат со ова темпо, што засега е најверојатно сценарио, климата на Земјата за само 12 години ќе наликува на клима каква на Земјата владеела кон средината на „Плиоцен“ односно пред околу три милиони години.

Како тогаш Земјата изгледала?

Годишните температури биле меѓу два и четири степени повисоки од денес, на северната Земјина хемисфера ледените површини биле многу помали, а размерите на океаните за 20 метри повисоки од денес.

На некои подрачја, вклучително и САД, температурите до 2030 година би биле грубо речено, двојно поголеми од просекот.

Уште едно црно сценарио

Бурке претставил уште едно црно сценарио, ако продолжиме да работиме на она што го работиме денес, до 2150 година Земјата ќе се врати во состојбата во која била пред 50 милиони години, што значи дека нашата планета би се вратила во зора на еволуција на првите цицачи, во време кога диносаорусите веќе одамна биле изумрени.

– Во времето пред 50 милиони години, според моделите, глобалните температури биле и до 13 степени повисоки од денес. Во тоа време не постоеле подрачја кои трајно биле прекриени со мраз, ниту на еден од половите на Земјата, а капацитетите на океаните биле многу, многу поголеми, објаснува тој.

Loading...

– Одиме кон многу драматичи промени во исклучително кратко време, додал Џек Вилијамс, експерт за палеоекологија и климатологија при Универзитетот во Висконсин и коавтор на студијата.

Додава и дека половите на Земјата до 2150 година нема да останат без мраз затоа што на ледените капи им треба многу време за да се стопат. Но, изненадното затоплување би можело да доведе до исчезнување на бројни животински и растителни видови.

= Можеме да влијаеме на својата историја и на ситоријата на Земјата низ разбирање на сегашните промени и прилагодувањена нив, заклучил Вилијамс.

Leave a Reply