Група истражувачи од Институтот за астрономија Макс Планк успеале да ја направат првата оптичка слика на егзопланета, која е оддалечена 63 светлосни години од Земјата.
Сликата на планетата лоцирана надвор од Сончевиот систем е направена со употреба на најнапредниот оптички телескоп во светот во чилеанската пустина Атакама. Снимката е извршена со метод на радијална брзина.
Егзопланетата наречена „Бета Пикторис ц“ е втора планета откриена во тој систем.
„Ова е првата директна потврда на планетата откриена со методот на радијална брзина“, изјави Силвестер Лакур, раководител на програмата за набљудување „ExoGRAVITY“.
Водечкиот научник на проектот од институтот Макс Планк, Френк Ајзенхауер изјави дека тие само што почнуваат да истражуваат зачудувачки нови светови, од супермасивната црна дупка во центарот на нашата галаксија до планети надвор од Сончевиот систем.
Системот „Бета Пикторис“ се наоѓа на околу 63,4 светлосни години од Сончевиот систем. До денес се откриени само две планети кои кружат околу младиот систем – првата откриена и фотографирана во 2008 година е наречена „Бета Пикторис б“. Втората , „Бета Пикторис ц“, е откриен во втората половина на 2019 година, а сега е направена единствена снимка од неа.
Astronomers capture first direct image of an exoplanet located some 63 light-years from Earth: Astronomers have confirmed the existence of the exoplanet b Pictoris c located in another star system some 63 light years away from Earth – and have shared a… https://t.co/m9mG6hSauy pic.twitter.com/sOnw8AYA8z
— RushReads (@RushReads) October 9, 2020