Експертите веќе подолго време се обидуваат да откријат потелко на необичните појави во еден дел на Индискиот океан, каде недостасува огромен дел од Земјината маса и на кој се наоѓа вдлабнување од 100 метри.
Со оглед на тоа дека Земјата не е топка со совршена форма и гравитациски потенцијал на нејзината површина се менува од место до место, а зависи од густината на материјата која се наоѓа под нас.
There's a huge piece of earth missing from under the Indian Ocean and scientists may have finally found out why https://t.co/qR8uY6pNk0 pic.twitter.com/kT74MF9oEu
— The Independent (@Independent) January 31, 2018
Loading...
Претходните теории поаѓаат од тоа дека оваа појава е последица на пропаѓањето на студенте и густи океански плочи во длабочината на земјиниот слој – мантл.
Професорот Атриј Гош од Индискиот научен институт вели дека оваа појава и натаму ги збунува научниците.
– Постоењето на овој геоид е еден од најголемите проблеми во проучувањето на Земјата. Се работи за најниската гравитациска аномалија на Земјата, а научниците досега не успеале да се согласат по прашањето на нејзиното потекло. Се смета дека постои огромен недостаток на маса во појасот на долен мантл што е причина за недостаток на земјината маса на дното од океанот. Нискиот гравитациски потенцијал би значел дека површината на океанот ќе се намалува. Значи, овој низок геоид во длабочина би можел да го спушти океанот за 100 метри на тој дел, објаснува проф. Гош.
There's a huge piece of earth missing from under the Indian Ocean and scientists may have finally found out why https://t.co/Hsa20siOy1
— News In The World Archived (@NewsInTheWorld) January 31, 2018
Меѓутоа, најновото истражуавање развило нова теорија според која депресијата всушност е последица на подигањето на врела материја во мантл зоната под Африка.
– Студијата покажа дека извор на оваа појава се крие во аномалијата на помала густина, која се протега на длабочина од 300 до 900 километри јужно од северната област на Индискиот океан. Врел, лебдечки материјал се подига од оваа зеона во правец на неговиот североисток, а неговото движење предизвикува поместување на индиските тектонски плочи во истиот правец, што ја предизвикува споменатата аномалија, се наведува во истражувањето.