Научниците пронашле микропластични честички во свеж снег на Антарктикот

Сподели со своите пријатели

Научниците за прв пат пронајдоа микропластични честички во свеж снег на Антарктикот, јавува денеска Би-би-си.

Loading...

Истражувачите од Универзитетот во Кантербери во Нов Зеланд собрале примероци од 19 локации на Антарктикот, а секој примерок содржел ситни парчиња пластика.

Микропластиката се создава со ерозија на пластични материјали и е помала од зрната ориз, понекогаш дури и невидлива со голо око.

Истражувачите пронајдоа во просек 29 честички на литар стопен снег.

Тие идентификуваа 13 различни видови пластика, а најчест беше полиетилен терефталат (ПЕТ), кој најчесто се користи во шишиња за безалкохолни пијалоци и облека. Овој вид пластика е пронајден во 79 отсто од примероците.

„Најверојатниот извор на оваа микропластика што се пренесува преку воздух се локалните научно-истражувачки станици. Сепак, моделирањето покажува дека потеклото можело да биде 6.000 километри“, напишал истражувачот Алекс Авес во списанието Cryosphere.

Претходните студии открија микропластичко загадување во замрзнатото Антарктичко Море и површинските води, но ова е првпат микропластика да биде забележана во свежо паѓачкиот снег.