Научниците пронајдоа нови докази дека сложениот живот започнал пред 2,1 милијарди години

Сподели со своите пријатели

Група меѓународни научници објавија дека пронашле нови докази за поддршка на теоријата дека сложениот живот на Земјата можеби започнал 1,5 милијарди години порано отколку што се мислеше.

Loading...

Тим кој работи во Габон открил докази кои покажуваат дека имало услови за живот на едноклеточни животни пред 2,1 милијарди години, јавува Би-Би-Си.

Научниците од Франсвил, Габон, го проучувале хемискиот состав на карпата каде што е откриена формацијата, која се уште не е со сигурност утврдено дали е фосил, и откриле дека условите за живот постоеле непосредно пред појавата на формацијата, бидејќи ги утврдиле високите нивоа на кислород и фосфор предизвикани од судир на две континентални плочи под вода, што довело до создавање на вулканска активност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коперник: Јануари беше најтоплиот во историјата

Резултатите од тие истражувања беа објавени во списанието Prekemvrian Risrch.

Научниците изјавија дека овие организми не се рашириле на глобално ниво и на крајот изумреле.

Овие идеи претставуваат големо отстапување од конвенционалното научно размислување, бидејќи повеќето експерти веруваат дека животот на животните започнал пред околу 635 милиони години, според Би-Би-Си.

Најновото истражување додава на тековната дебата за тоа дали претходно необјаснетите формации пронајдени во Франсвил, Габон, се фосили.

Чи Фроу рече дека неговата работа помогнала да се докажат идеите за процесите што создаваат живот на Земјата бидејќи фосилите биле пронајдени на карпа во Габон.

Loading...

Од друга страна, професорот Греам Шилдс од Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој не бил вклучен во истражувањето, вели дека има резерви за истражувањето, нагласувајќи дека се потребни повеќе докази.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Коперник: Јануари беше најтоплиот во историјата