Научниците ги открија првите податоци за омикрон, нов сој на корона вирусот, кој првпат беше откриен во Јужна Африка и Боцвана, и тие покажуваат дека овој вид има повеќе мутации од моментално доминантната делта варијанта.
– Можеме јасно да видиме дека варијантата омикрон има многу повеќе мутации од варијантата делта, концентрирана првенствено во една област од протеинот што е во интеракција со човечките клетки – се вели во соопштението на научниците.
Како што додаваат, тоа не значи автоматски дека овие варијации се поопасни, туку едноставно дека вирусот дополнително се прилагодил на човечкиот вид, создавајќи друга варијанта.
Европа „се тресе“ пред новиот сој, во Македонија засега без нови мерки
Научниците пронајдоа околу 50 мутации во омикронот, од кои 30 се на протеинот Ц, а половина во доменот за врзување на рецепторите – делот што се врзува за ACE2 рецепторот на човечките клетки преку кои вирусот навлегува во ткивата.
Црвените точки на сликата, велат истражувачите, укажуваат на области со „многу висока варијабилност“, додека портокаловите оние со „висока променливост“ и жолтите со „средна променливост“. Зелените точки покажуваат мала разлика помеѓу двете варијанти, додека сивата зона ги прикажува деловите кои не се разликуваат.
As you can see here… Vaccination takes care of most mutations in the Omicron variant…
Please get vaccinated ASAP… Godspeed… ✌️ https://t.co/OYwwS6k8BX
— Obaleye Oluwafunminiyi (@NiyiObaleye) November 28, 2021
„Ген со повеќе мутации му дава на омикронот повеќе можности да избегнува лекови или вакцини кои го таргетираат протеинот на тој ген“, вели професорот од Харвард, Дејвид Р. Лиу.
Како што рече, протеинот S на омикрон силно мутирал, а тоа може да биде загрижувачко, бидејќи вакцините и лековите главно го таргетираат протеинот S.
Тој додаде дека се потребни повеќе истражувања.
ТРКА СО ВРЕМЕТО: Омикрон се шири во Европа, сè поголем број земји бележат случаи
Научникот Ерик Тобол сподели графикон кој го споредува омикронот со алфа, бета, гама и делта сојот, што покажува дека омиркон споделува многу мутации со нив, но и дека има уште повеќе мутации. Тој рече дека е веројатно дека овие мутации се случиле кај имунокомпромитиран пациент.
Бројот на случаи на инфекција со коронавирус е тројно зголемен за три дена во Јужна Африка на 2.828, но ова може делумно да се должи на интензивниот мониторинг, иако е можно дека стапката на пренос на варијантата омикрон е двојно поголема од онаа на делта соевите и дека времето на удвојување е околу 4,8 дена, пренесува Телеграф.
Ова го изјави Питер Опшо, професор по експериментална медицина на Империал колеџ во Лондон.
The mutation map of the 5 Variants of Concern
adapted from https://t.co/2sG39CZZsJ
Omicron (B.1.1.529) shares many key mutations of Alpha, Beta, Gamma & Delta, but a lot more added, very likely having been derived from an immunocompromised host with extensive in vivo evolution pic.twitter.com/q6LvTZOp8s— Eric Topol (@EricTopol) November 27, 2021
– Јужна Африка влегува во лето и стапката на зараза со видот делта е ниска, па тешко е да се каже дали омикрон се натпреварува со делтата – додаде д-р Опенсо.
Светската здравствена организација (СЗО) во петокот истакна дека постои можност за зголемен ризик од инфекција со новата варијанта на коронавирусот Б.1.1529, наречена омикрон, во споредба со другите варијанти кои исто така предизвикуваат загриженост.
– Се чини дека бројот на случаи на оваа варијанта се зголемува во речиси сите провинции во Јужна Африка – се наведува во соопштението на СЗО во петокот.
Во последните недели, бројот на заразени со вирусот нагло се зголеми, што се совпаѓа со откривањето на варијантата Б.1.1.529.
СЗО: Омикрон претставува многу висок глобален ризик, земјите треба да се подготват