На планетата која неодамна ја открија научниците управуваат некои од најекстремните услови некогаш видени.
Како што објавија списанието „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“, на оваа планета карпите паѓаат како дожд, а на површината има лава длабока околу 100 километри.
Овој чуден свет, кој се нарекува само K2-141b, е пронајден на околу 200 светлосни години оддалечен од Земјата, а ветерот дува на него со брзина од 1.341 метри во секунда, додека температурата е дури 2760 степени Целзиусови!
Планетата е откриена во 2018 година, а дури сега научниците разбраа какви услови владеат на неа.
Тие исто така дознале дека едната страна на планетата е секогаш свртена кон ѕвездата околу која орбитира, на неа е секогаш ден и температурите таму се толку високи што карпите можат да испарат.
Другата страна е секогаш свртена спротивно од ѕвездата и на неа има вечен мраз – температурата е минус 164 и дува леден ветер.
Оваа планета е категорија која не постои во Сончевиот систем, таа е пет пати поголема од нашиот свет, но и треба само една третина од денот за да кружи околу својата sвезда.