Редовното водење љубов го намалува стресот, го подобрува спиењето и може да го продолжи животот, велат истражувачите.
Науката тврди дека водењето љубов не е само забавно туку дека има и здравствени придобивки.
Може да го намали стресот и крвниот притисок, да го подобри спиењето, а неодамнешните истражувања откриваат дека водењето љубов еднаш неделно го продолжува животот.
Истражувачи од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско го следеле сексуалниот живот на над стотина мајки кои имале партнери и редовен секс.
Тие дале извештаи за нивните односи, на партнерите, како и за тоа колку често биле интимни со нив. Истражувањето вклучувало и анализа на крв и клетки.
Било заклучено дека мајките кои имале сексуални односи со своите партнери барем еднаш неделно, исто така, имале значително подолги телемери – заштитно капаче на ДНК што го одредува животот на клетките – од оние кои немале сексуален однос.
Резултатите покажуваат дека редовното водење љубов може да ги продолжи теломерите, што значи дека клетките живеат подолго и им помагаат на луѓето да се чувствуваат помлади.
Истражувачите ги поврзуваат пократките теломери со сериозни здравствени проблеми како што се рак, срцеви заболувања и дијабетес, пишува Reader’s Digest.