Научниците тврдат дека скоро ги истребиле комарците преносители на болести на два острови во Кина користјеќи ја оваа техника.
Истражувачите „целел“ азиски тиграсти комарци, инвазивни бели пругасти инсекти кои можат да пренесуваат денга треска, зика и други болести. Користеле нова техника која комбинира изложување на инсектите на радијација и инфекција со бактерија.
Во текот на 18 недели на 2016 и 2017 година, ослободувале машки комарци на двата мали острови во близина на градот Гуанџоуа во Кина, регион кој е зафатен од денга вирусот.
Бројот на женски комарци кои се одговорни за ширењето на болеста се намалил за 83 до 94 отсто секоја година, слично како и со помош на други методи како прскање со инсектицид и употреба на генетски модифицирани комарци.
Меѓутоа, не е јасно дали ова ќе биде изводливо и за поголеми области и колку ќе биде скапо, пренесува агенцијата.