Голема планета се крие на далечниот раб на нашиот соларен систем.
Истражувачите сега се повеќе од сигурни дека Планетата девет се крие некаде во нашиот сончев систем, но дека е невозможно да се открие користејќи ги постоечките телескопи.
Астрономите тврдат дека е тешко да се воочи затоа што е премногу далеку, пишува Вашингтон пост.
АСТЕРОИД КОЈ ГИ ЗБУНИ НАУЧНИЦИТЕ: Вакво нешто се уште немаат видено!
И НАСА во меѓувреме потврди: „Сега е потешко да го замислиме нашиот соларен систем без Планетата девет, него со неа.
Научниците со децении изнесуваа теории дека постои деветтата планета, која би била десетта, доколку Плутон во меѓувреме не беше деградиран како џуџеста планета во нашето галактичко соседство.
Се смета дека таа планета, наречена Планетата девет е десет пати поголема од Земјата, 20 пати поодалечена од Сонцето за разлика од Нептуин и најдолачената планета во сончевиот систем.
Иако постоењето на оваа планета допрва треба да биде официјално докажано, ценети истражувачи силно се сомневаат дека постои голема планета која се крие на далечниот раб на нашиот соларен систем.
Ако планетата е таму тогаш би можело да се објасни зошто соларниот систем помалку е вон рамнотежа.
Во поголемиот број ѕвездени системи, околу планетите има тенденција да ротираа тов склад со својот домаќин. Меѓутоа, во нашиот Сончев систем, планетите се под агол од шест степени од својата оска.
Единствен начин да се спаси Земјата е да се исели една нејзина половина (ВИДЕО)

