Научни причини зошто чоколадото нѐ прави среќни

Сподели со своите пријатели

Чоколадото е дефинитивно омиленото уживање на повеќето луѓе, а оние кои навистина го сакаат велат дека консумирањето чоколадо е „искуство за сите сетила“. И, ако ѝ се верува на науката, ова тврдење не е далеку од вистината.

Loading...

А зошто чоколадото ни го подобрува расположението, се обидуваме да дознаеме во продолжение.

Фенитиламин

Прв на листата на магични својства на чоколадото е фенитиламинот. Тоа е хемикалија која мозокот ја лачи кога сме заљубени. А мозокот е тој што го лачи кога јадеме чоколадо. Фенитиламинот влијае на производството на ендорфин и ја подобрува активноста на допаминот и серотонинот. Оваа хемикалија се смета и за силен антидепресив.

 

 

Теобромин

Слично на кофеинот, теоброминот ги блокира адено рецепторите, кои влијаат на заморот. Теоброминот се наоѓа во чоколадото, како и во семките од макамбо и влијае на будноста и нивото на енергија.

Магнезиум

Желбата за чоколадо за време на ПМС и во првите денови од менструалниот циклус не е случајна. Имено, чоколадото содржи релаксирачки магнезиум кој ја намалува анксиозноста и грчевите.

Loading...

Кофеинот

Дваесет и осум грама чоколадо содржи околу 24 милиграми кофеин, што е сосема доволно за да се подигне енергијата во нашето тело. Во комбинација со теобромин, чоколадото нè прави повнимателни и поенергични.

 

 

Л-триптофан

Претходник на серотонин, Л-триптофан е хемикалија која влијае на состојбата на релаксација.

Полифеноли

Храната богата со полифеноли го подобрува расположението, бидејќи ги спречува когнитивните нарушувања. Ова се антиоксиданси кои ни даваат сила и енергија и го подобруваат расположението.