Натпреварувач во шоуто „Британија има талент“ ги шокираше членовите на жирито, но и гледачите во близина на малите екрани, откако се запали на сцената за време на точката.
Членовите на жирито Сајмон Кауел, Аманда Холден, Бруно Туниоли и Алиша Диксон не можеа да им веруваат на своите очи додека Американецот Томас Ву го изведуваше својот опасен трик на сцената.
Имено, професионалниот каскадер Томас Ву ја решил Рубиковата коцка, но тоа го направил со самозапалување.
Иако беше покриен со огноотпорен гел, многумина не го знаеја ова и беа шокирани од потфатот.
Пред неговиот настап, 35-годишникот, кој претходно се појави на Америка има талент, рече:
„Сакам да му покажам на светот дека Рубиковата коцка може да биде многу интересна“.
Потоа продолжил да ја решава Рубиковата коцка додека бил на пламен.
Томас го заврши неповреден и обезбеди четири да – што значи дека се пласираше во следната рунда од натпреварувањето.
Членовите на жирито гледаа во шок, и додека повеќето гледачи го споделија своето чудење на социјалните мрежи, некои го пофалија за неговиот навидум „неверојатен подвиг“.
Но, имаше и такви кои веднаш по емитувањето на епизодата ја критикуваа „смешно опасната“ точка која ја окарактеризираа како „целосно неприфатлива за семејна програма“.