НАТО војници влетаа во бугарска фабрика: „Малку го промашиле“ објектот, вработените преплашени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вработените во фабриката за производство на сончогледово масло во бугарското село во близина на Пловдив биле мета на војници на НАТО кои за време на воена вежба по грешка упаднале на нивното работно место.

Loading...

Станува збор за маневри „Swift response 21“ во кои учествувале американски, италијански и бугарски војници.

Според сценариото, слетувањето на војниците требало да биде на напуштениот аеродром. Сепак, постои фабрика веднаш до аеродромот.

Група војници вооружени со митралези ја прескокнале оградата и упаднале во фабриката.

Двајца работници во фабриката рекле дека војниците им наредиле да седнат, а потоа се поделиле во групи и ги обиколиле сите простории на фабриката.

„Беше страшно. Бев многу исплашен и не знаев како да реагирам. Треперев од страв”, рече еден работник.

Инцидентот се случи на 11 мај за време на воените вежби на НАТО.

 

Loading...

Leave a Reply