НАТО стави над 100 авиони во борбена готовност

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Северноатлантската алијанса го зголемила своето присуство во источниот дел на Алијансата и дека „руската инвазија на Украина“ не е изненадување.

Loading...

Столтенберг на прес-конференција во Брисел по итниот состанок на амбасадорите на НАТО изјави дека повеќе од 100 авиони се ставени во борбена готовност.

– Веќе се преземени внимателни мерки за да се подготви одговорот на НАТО, во наредните денови ќе имаме дополнително присуство во источниот дел на Алијансата, активиран е одбранбениот механизам на НАТО што ни дава поголема слобода да ги движиме војниците и да ги испраќаме таму каде што е потребно – изјави Столтенберг на брифингот во Брисел.

– Ова што го правиме е одбранбено, не сакаме да дојде до конфликт – рече генералниот секретар на НАТО.

Тој предупреди дека Русија ја тресна вратата за политичко решение.

„Тоа е реалност која има сериозни безбедносни последици, па затоа го зголемивме нашето присуство во источниот дел на Алијансата“, рече Столтенберг.