НАТО се шири и во вселената

Сподели со своите пријатели

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петтата оперативна зона, по копно, море, воздух и неодамна компјутерскиот простор, соопштија извори од седиштето на Алијансата во Брисел.

Loading...

„Просторот е клучен за одбраната и одвраќањето на Алијансата, за рано предупредување и за навигација“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел, пред овој чекор да биде потврден од 29 земји-членки.

Околу половина од 2.000 сателити во орбитата на Земјата им припаѓаат на членките на Алијансата, потсети Столтенберг, но напомена дека „НАТО нема намера да постави оружје во вселената“.

Сепак, нападите врз сателитите на земјите-членки може да се сметаат како провокација на која треба да се одговори, изјави американскиот амбасадор во НАТО, Кеј Бејли Хачинсон.

Leave a Reply