Два руски борбени авиони на небезбеден и непрофесионален начин и се приближија на Постојаната поморска група 1 на НАТО, која вршеше рутински операции во Балтичкото Море, соопшти денеска НАТО.
Руските пилоти, во инцидентот што се случи на 17 ноември, не одговорија на комуникацијата на сојузничките сили и ги прелетаа војниците на НАТО на височина од 100 метри и на оддалеченост од 70 метри, соопштија од алијансата.
НАТО оваа интеракција ја оцени како небезбедна и непрофесионална бидејќи, како што се наведува, била спроведена во опасна зона во која се изведувала обука за противвоздушна одбрана и поради висината и близината на руските авиони, што го зголемувало ризикот од погрешни пресметки, грешки и несреќи.
Алијансата објави дека силите на НАТО се однесувале одговорно, исполнувајќи ја својата мисија, „во целосна согласност со меѓународните воздушни и поморски прописи“, истакнувајќи дека „тие соодветно ќе одговорат на секое мешање во активности кои ја загрозуваат безбедноста на авионите, бродовите или нивните екипажи“.