НАТО очекува натамошна ескалација на војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека во наредните недели се очекува понатамошна ескалација на војната во Украина.

Loading...

Во интервју за германски „Велт ам Зонтаг“, Столтенберг рече дека украинската страна мора да се префрли на модерно висококвалитетно оружје.

 

Кличко ги моли граѓаните да останат дома од недела: „Постои шанса Русија да ги таргетира украинските региони“

 

„Долгорочно, Украина не може да се брани само со оружје од советската ера, туку мора да премине на модерно западно оружје“, рече шефот на НАТО, предупредувајќи ја Русија на употребата на нуклеарно оружје во Украина.

„Нашата порака е јасна: употребата на нуклеарно оружје ќе доведе само до губитници од сите страни“, рече Столтенберг.

 

Loading...

Кличко ги моли граѓаните да останат дома од недела: „Постои шанса Русија да ги таргетира украинските региони“

 

Генералниот секретар на НАТО, исто така, истакна дека организацијата нема докази дека рускиот нуклеарен арсенал е доведен на повисоко ниво на подготвеност од руската инвазија на Украина.