НАТО нема да се меша во конфликтот меѓу Русија и Украина

Сподели со своите пријатели

Германија, НАТО и другите земји не планираат воена интервенција во врска со настаните во Украина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Loading...

„Се појави опасна ситуација, бидејќи ова е војна меѓу најголемата земја во светот, Русија, нуклеарната суперсила и втората по големина земја во Европа. Во таа насока, не треба да се потценува опасноста што се заканува“, посочи тој.

„Затоа нашата политика е многу јасна: нема да се мешаме во воениот план – тоа се однесува на НАТО. Тој нема да го направи тоа. Тоа би било погрешно во оваа ситуација“, рече Шолц на прес-конференција со израелскиот премиер Нафтали Бенет.

Тој додаде дека го поддржува брзото продолжување на мировните преговори меѓу Русија и Украина.

„Сакам уште еднаш да повикам на итен прекин на сите непријателства“, рече Шолц, додавајќи дека ќе се залага брзо да се обноват преговорите меѓу Русија и Украина.

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, претходно изјави дека руската делегација ќе ги чека украинските преговарачи во среда попладне на местото предвидено за средбата.

Тој претходно потврди дека помошникот на рускиот претседател Владимир Медински останува главен руски преговарач со Украина.

Првата рунда преговори меѓу Москва и Киев се одржа во понеделник на територијата на Белорусија.

Loading...