НАТО на итен состанок поради експлозиите во Полска

Сподели со своите пријатели

НАТО денеска ќе одржи итен состанок поради експлозиите во источна Полска во близина на границата со Украина во кои загинаа две лица, соопштија двајца претставници на НАТО и еден европски дипломат, пренесува Радио Слободна Европа.

Loading...

Со состанокот на амбасадорите на НАТО во Брисел ќе претседава генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој потоа ќе одржи прес-конференција, се наведува во соопштението на НАТО.

Членката на НАТО Полска објави дека ракетата убила две лица во село на околу шест километри од границата со Украина.

Нема конкретни докази за тоа кој ги испукал ракетите, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 500 луѓе останаа без покрив над главата во пожар во зграда кај Варшава

Американскиот претседател Џо Бајден изјави претходно во средата дека проектилот веројатно не бил истрелан од Русија, по разговорите со лидерите на западните сојузници поради загриженоста дека конфликтот во Украина може да се прелее и во соседните земји.