Членките на НАТО алијансата одлучија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, до 1 октомври 2024.
Одлуката ќе биде поддржана од шефовите на влади на НАТО на самитот во Вилнус.
Сојузниците му се заблагодарија на генералниот секретар за неговото лидерство и посветеност, кои беа клучни за зачувување на трансатлантското единство во услови на невидени безбедносни предизвици, објавено е на веб-страницата на НАТО.
Столтенберг, поранешниот премиер на Норвешка, е на чело на Северноатлантската алијанса од 2014 година, а мандатот му е веќе трипати продолжен.
Тој во февруари рече дека не сака да остане на чело на воената алијанса, но членките на НАТО побараа од него да прифати уште еден мандат, откако не постигнаа консензус за неговиот наследник.