НАТО Караванот во понеделник ќе го псоети Куманово, каде се предвидени целодневни активности.
Караванот започнува со панел дискусија со матурантите од градот на тема „Учиме за НАТО“ која ќе се одржи во Занаетчискиот дом во Куманово со почеток во 11 часот. Предавач на панел дискусијата ќе биде м-р Елмас Хасановиќ.
Панел дискусија ќе се одржи и во вечерните часови кога на темата „Република Северна Македонија во НАТО: Политичко-безбедносни придобивки, ризици и предизвици“ ќе се одржи во кружната сала на поранешен Комитет со почеток во 19:00 часот.
На оваа панел дискусија говорници ќе бидат Радмила Шекеринска, заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана, како и амбасадорката на Црна Гора во РСМ Марија Петровиќ.

